УНИЦЕФ: Речиси 100 деца загинаа во април во Украина

Од:

УНИЦЕФ потврди дека само во април биле убиени речиси 100 деца во Украина. Сепак, вистинските бројки може да бидат значително повисоки, изјави висок претставник на УНИЦЕФ пред Советот за безбедност на ОН.

dobivaj vesti na viber

– Само во минатиот месец, ОН потврдија дека се убиени речиси 100 деца, а ние веруваме дека реалните бројки се многу поголеми, рече Омар Абди.

Тој истакна и дека „образованието е исто така на удар“ и дека „училиштата продолжуваат да се користат за воени цели“.

– Училиштата се спас за децата, особено во конфликти. Училиштата се безбедни простори, со рутини кои обезбедуваат заштита од повреди и привид на нормалност. Училиштата се исто така критични канали за информации за ризиците од смртоносните експлозивни направи. И тие се врска до основните здравствени и психосоцијални услуги, рече тој.

Абди вели дека најмалку 15 од 89 поддржани од УНИЦЕФ 89 училишта во источна Украина се оштетени или уништени.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Москва тврди дека експлозиите на Крим се саботажа

Горан Наумовски

Работници од окупираната нуклеарна централа за Би-Би-Си: Русите нè имаат на нишан, тука изградија база

Уцената на Калуш Оркестра за „чистка“ на сцената од Руси не успеа, нема да настапат на фестивалот

Велика Британија, Данска и Германија најавија дополнителна воена помош за Украина

А1он

ОН негираат дека Анкара од Киев добила поевтино жито

Ана Ололовска

Русија создава нова копнена формација за поддршка на операцијата во Украина, тврди британското Министерство за одбрана

А1он