УНИЦЕФ: Климатските промени се закануваат на една милијарда деца ширум светот

Од:

Околу една милијарда деца ширум светот се изложени на ризик од негативните ефекти на климатските промени, предупреди Гаутам Нарасимхан, висок советник на УНИЦЕФ за клима, енергија и животна средина.

Нарасимхан смета дека климатската криза во пракса може да се оцени како криза во областа на правата на децата.

Вкупно 99 проценти од 2,2 милијарди деца во светот се изложени на ризик од најмалку еден процес поврзан со климатските промени, како што се топлина, урагани, поплави, суши и загадување на водата, рече тој, цитирајќи го првиот индекс на климатски ризик за деца, објавен од УНИЦЕФ во август оваа година

Околу една милијарда деца ширум светот би можеле да бидат изложени на ризик од негативните ефекти на климатските промени, рече тој.

Климатските шокови на кои се изложени децата, се закана не само за здравјето, туку и за образованието и животниот стандард, рече претставникот на УНИЦЕФ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Погодено возило на УНИЦЕФ на влезот на Газа

УНИЦЕФ: Најмалку 17.000 деца во Газа се одвоени од своите семејства

Светска банка ќе поддржи макроекономски и климатски реформи во Македонија со заем во вредност од 93,8 милиони евра

УНИЦЕФ: Убиството на децата во Газа мора да се запре, тие не се цел

ВИДЕО: Паѓаат температурни рекорди во светот, горат Европа, Америка и Азија

Катерина Ѓуровски

Шокантна снимка: Камионџија полуде, почна да тепа и да гази активисти на пат

Предраг Петровиќ