УНХЦР: Зголемено насилството врз сириските бегалци во Либан поради недостиг на храна

Од:

Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНЦХР) денеска предупреди дека дискриминацијата и насилството врз сириските бегалци во Либан се зголемени во последните недели бидејќи земјата се соочува со недостиг и високи цени на храната.
„Видовме тензија меѓу Либанците и Сиријците во пекарниците низ земјата”, рече портпаролката на Високиот комесаријат за бегалци, Пола Барачин, додавајќи дека имало дури и пукање и дека бегалците биле тепани со палки.
Светската програма за храна на ОН наведува дека Либан се соочува со криза со безбедноста на храната и дека околу половина од населението не е обезбедено со храна. Населението се соочува и со висока инфлација на храната и пад на вредноста на локалната валута.

Во некои делови на Либан е воведен полициски час за бегалците или од пекарите се бара да им дадат приоритет на либанските граѓани, рече портпаролката на УНЦХР.

„Во некои делови на Либан е воведен полициски час за бегалците или од пекарите се бара да им дадат приоритет на либанските граѓани”, рече портпаролката на УНЦХР.

Либанските власти минатата недела најавија дека ќе формираат безбедносен комитет за да ги спречат судирите во пекарниците.

УНХЦР ги повика либанските власти да „обезбедат владеење на правото и заштита на сите лица во земјата”, апелирајќи до меѓународната заедница да му помогне на Либан.

Околу милион сириски бегалци кои ја напуштија својата земја поради граѓанската војна живеат во соседен Либан, повеќето од нив во екстремна сиромаштија.

„Хјуман рајтс воч” и „Амнести интернешнел” документираа случаи на притворање, тортура и кршење на човековите права на повратниците.

Либанската влада ги отфрли ваквите оценки и преговара со сириската влада во Дамаск за план за враќање до 15.000 бегалци секој месец.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови

Стотици сириски бегалци кои живееја во Либан се вратија во нивните домови

А1он

Чешка и Полска бараат украинските бегалци да почнат сами да се грижат за себе

А1он

Митаракис: Грција спречува нелегални заминувања од земјата

А1он