УНХЦР: Рекордни 79,5 милиони раселени лица во светот во 2019 година

Од:

До крајот на минатата година рекордни 78,5 милиони лица ширум светот ги напуштиле своите домови, бегајќи од војните и прогонствата, што е рекордна бројка во оваа турбулентна деценија на раселувања, соопштија денеска Обединетите нации.

Бројот на раселени лица минатата година достигна речиси еден процент од светската популација, посочи Агенцијата за бегалци на ОН (УНХЦР) во Жeнева, пренесе Хина.

Во 2019 година бројката е зголемена за девет милиони во однос на претходната година и е приближно двојно поголема од раселените 41 милиони лица во 2010 година, и покрај тоа што ограничувањата воведени заради пандемијата на коронавирусот го забавија ова движење, пренесува агенцијата на ОН..

Сиријците, Венецуелците, Авганистанците, Суданците на југот на земјата, Рохинџите што бегаат од Мјанмар, се наоѓаат на врвот на листата на милионите бегалци, баратели на азил и раселени лица, се вели во годишниот извештај на УНХЦР.

Кон овие фрапантни бројки свој придонес имаат и кризите во Конго, Јемен и Судан, како и африканскиот регион Сахел, погодени од конфликти и климатските промени.

-Бројката од речиси 80 ​​милиони, што е највисока досега откако оваа статистика систематски се води во УНХЦР, е причина за голема загриженост, изјави Високиот комесар за бегалци Филипо Гранди.

„Тоа е приближно еден процент од светската популација“, истакна тој.

Ова е прв годишен извештај на УНХЦР во кој се опфатени и 3,6 милиони Венецуелци, кои од 2015 година ја напуштиле својата земја поради кризата.

И како што расте бројот на раселени лица, станува се потешко и потешко бегалците да се вратат во своите земји, пренесе агенцијата на ООН.

Додека во текот на 90-тите години на минатиот век во просек годишно дома се враќале по 1,5 милион бегалци, оваа бројка во текот на изминатата деценија опадна под 400.000 лица.

-Ова е знак на упорноста на конфликтите, појава на нови судири, немоќноста на меѓународната заедница, вклучувајќи ги и институциите како Советот за безбедност, да се справат со овие конфликти, рече првиот човек на УНХЦР на прес-конференцијата.

Речиси 73 проценти од бегалците бараат азил во некоја соседна земја, што се разликува од распространето мислење дека повеќето одат на Запад, рече Гранди.

Би можело да ве интересира

УНХЦР: Половина од децата бегалци во светот се надвор од училиштата поради пандемијата

Ана Ололовска

УНХЦР: Време е светот да покаже солидарност со народот на Либан

А1он

УНХЦР: Полицијата е виновна за половина од насилството врз мигрантите

Ана Ололовска

УНХЦР: Унгарија да се откаже од строгите правила за азил

Ана Ололовска

УНХЦР бара продолжена поддршка за заштита на присилно раселените лица во светот од коронавирусот

А1он

УНХЦР предупредува дека лицата без државјанство се под ризик да бидат изоставени од мерките против коронавирусот

Ана Ололовска