УНХЦР: По потонување на брод над 20 Венецуелци се водат како исчезнати

Од:

Најмалку 21 мигрант од Венецуела се водат како исчезнати откако потонал бродот со кој пловеле кон Тринидад и Тобаго, соопшти денеска УНХЦР.

На бродот се наоѓале најмалку 25 луѓе од венецуелскиот крајбрежен град Гвири, а четири лица се спасени и вратени во градот.

– Овој трагичен инцидент, што се случи во средата, го потенцира неверојатниот ризик од морските патувања и другите погранични движења на бегалците и мигрантите. Исто така го истакнува и очајот на тие кои се присилени да ги напуштат свопите домови и да се соочат со неверојатни потешкотии на своите патувања, изјави портпаролот на УНХЦР, Бабар Балок на денешниот брифинг во Женева.

Според податоци на УНХЦР повеќе од три милиони луѓе побегнале од Венецуела од 2014 година поради недостиг на храна, лекови и хаотичната состојба во земјата.

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски