УНХЦР: Оваа година рекорден број имигранти влегле во Европа преку Медитеранот

Од:

Рекордни 165.000 луѓе го прмеинале оваа година Медитеранот за да влезат во Европа што е 2,5 пати повеќе отколку минатата година, соошти Агенција на ОН за бегалци. Тие оценуваат оти зголемувањето е „алармантно“.

Во соопштение се наведува дека лани имало 60.000 преминувања.

УНХЦР е особено загрижен бидејќи имигрантите воглавно од Африка и од Блискиот исток ги ризикуваат животите. Досега оваа година 3.000 луѓе ги загубија животите во обид да преминат преку Средоземното Море до Европа. УНХЦР наведува дека се повеќе луѓе бегаат од војни и прогони, а од 1 јули повеќе од половината бегалци се Сиријци и Еритрејци.

Би можело да ве интересира

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто

Приведен криумчар на мигранти: Бегал од полиција, удрил во канделабра

А1он