УНХЦР: Околу 250.000 бегалци се враќаат дома

Од:

Околу 250.000 сириски бегалци би можеле да се вратат во својата разорена татковина во 2019 година, додека многу други се борат со проблеми со документи во „чие решавање би можела да помогне Владата во Дамаск, се наведува во денешното соопштение на Агенцијата за бегалци на Обединети нации (УНХЦР).

– Околу 5,6 милиони сириски бегалци и натаму се наоѓаат во соседните земји – Турција, Либан, Јордан, Египет и Ирак, изјави Амин Авад, директор на УНХЦР за Блискиот Исток и Северна Африка.

Статистиката на УНХЦР покажува дека оваа година во Сирија се вратиле 37.000 бегалци.

– Во оваа фаза, прогнозите се дека во 2019 година би можеле да се вратат 250.000 Сиријци. Таа бројка може да биде и поголема или помала во согласност со ритамот во кој работиме и ги отстрануваме препреките за нивно враќање, додаде Авад.

Би можело да ве интересира

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови

Стотици сириски бегалци кои живееја во Либан се вратија во нивните домови

А1он

Чешка и Полска бараат украинските бегалци да почнат сами да се грижат за себе

А1он

Митаракис: Грција спречува нелегални заминувања од земјата

А1он