УНХЦР апелира до владите во светот да поведат сметка за милионите апатриди

Од:

УНХЦР ги повика владите ширум светот под итно да ги решат проблемите на милионите апатриди (лица без државјанство) и да постапуваат според денеска издадените препораки од оваа Агенцијата за бегалци на ОН, за да се осигурат дека ќе бидат опфатени со плановите за одговор на коронавирусот.

-На милиони луѓе низ целиот свет им е одземено државјанството и правата што произлегуваат од него. Тие не постојат на хартија и најчесто живеат на маргините на општеството. Загрижени сме што во овие времиња на криза, среде глобалната пандемија, тие се наоѓаат во огромен ризик да бидат испуштени од плановите за одговор“, рече Филипо Гранди, висок комесар за бегалци на ОН.

Без државјанство,апатридите често пати немаат пристап до основните услуги или здравствена заштита и сега може да се соочат со бариери за пристап до тестирање и третман на коронавирус, се вели во соопштението на Агенцијата на ОН за бегалци.

Некои од нив можеби нема да се охрабрат да ги користат услугите поради страв дека ќе бидат затворени или депортирани. Пандемијата може да се победи само ако сите, без разлика на правниот статус, бидат вклучени во плановите за одговор. Никој не може да се заштити ако не се вклучени сите и тоа значи често пати невидливото население без државјанство, рече Гранди.

Во извештаите се наведува дека во 78 земји има околу 3,9 милиони лица без државјанство, но точната бројка е веројатно многу поголема.

Би можело да ве интересира

УНХЦР: Над осум милиони лица ја напуштија Украина од почетокот на конфликтот

УНХЦР: Повеќе од седум милиони бегалци ја напуштија Украина

А1он

Медитеранските земји очекуваат повеќе од 150.000 мигранти

Ана Ололовска

УНХЦР: Во светот има над 100 милиони присилно раселени лица

УНХЦР: Во 2021 година над 3.000 мигранти загинале обидувајќи се да стигнат во Европа

А1он

УНХЦР: Над 3,5 милиони лица избегаа од војната во Украина

А1он