Унгарскиот парламент го реизбра Орбан за премиер

Од:

Унгарските пратеници денеска го реизбраа лидерот на партијата Фидес, Виктор Орбан, на функцијата премиер, на која тој се наоѓа од 2010 година, а за неговиот избор „за“ гласаа 133 пратеници додека 27 беа „против“, пренесе агенцијата МТИ.

dobivaj vesti na viber

По гласањето, Орбан веднаш положи заклетва и ја презеде функцијата.

Кабинетот на унгарскиот премиер претходно соопшти дека Орбан ги завршил преговорите за формирање на новата влада, во која многу министри ќе ги задржат своите фотелји.

Орбан кажа дека има изгледи за доаѓање на „ера на рецесија“ во Европа, бидејќи континентот се бори со зголемени цени на енергијата и високата инфлација поради војната во Украина.

Говорејќи во парламентот, каде што ја положи заклетвата како премиер, Орбан кажа дека Будимпешта нема да ги блокира санкциите на ЕУ наметнати за Русија поради нападот врз Украина се додека тие не претставуваат ризик за енергетската безбедност на Унгарија.

Унгарскиот премиер, исто така, додаде дека владата ќе работи на ограничување на инфлацијата во земјата, преземајќи внимателни чекори за регулирање на цените.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Орбан му понудил на Путин мировните преговори да се одржат во Будимпешта

Ана Ололовска

Менцер: Орбан говореше за историски факт кога спомена ’одземено море’

При прогласувањето изборна победа во Унгарија, Орбан го нарече Зеленски „противник“

Ана Ололовска

Орбан: Ова е победа што се гледа од Месечината, а и од Брисел

СДСМ: Мицкоски по нови насоки и задачи кај неговиот шеф Никола Груевски во Унгарија

Катерина Павлова-Николовска

Мицкоски во штабот на Орбан: Очекуваме четврта победа на Фидес

Катерина Павлова-Николовска