Унгарија ја предупреди ЕУ: Луѓе, вразумете се

Од:

Унгарија повика на итни мировни преговори за ставање крај на војната меѓу Украина и Русија, предупредувајќи дека продолжениот конфликт ќе предизвика економска криза што ќе им се заканува на владите ширум Европа, пишува Фајненшл тајмс.

„Брзиот прекин на огнот е единствената шанса на Европа да избегне рецесија“, рече Балаш Орбан, политички директор на унгарскиот премиер Виктор Орбан, предвидувајќи дека другите влади на ЕУ ќе престанат да даваат воена поддршка за Украина и ќе инсистираат на брз прекин на конфликтот во следните неколку месеци. Тој ги повика шефовите на влади на ЕУ „да се вразумат“.

Будимпешта долго време беше најблискиот партнер на Москва во ЕУ и предизвика фрустрација во Брисел од почетокот на војната поради нејзината неподготвеност да ги прекине сите врски со Русија и да му даде недвосмислена поддршка на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Некои од унгарските партнери во ЕУ беа премногу желни да се борат против рускиот претседател Владимир Путин, што го вовлекува континентот во криза“, рече Балаш Орбан, предупредувајќи дека треба да се откажат од стратегијата.

„Тие сакаат војна и веруваат дека можат да го победат Путин, можат да го окупираат Кремљ и тоа е нивната цел“, рече Орбан. „На почетокот на конфликтот, барем во медиумите, тоа беше заедничко мислење. Но, би се обложил дека за четири месеци ќе се појави поголема рационалност“, рече тој.

“Унгарија не сака да создава проблеми. Но, ако се обидете да се вклучите во политика без да ја гледате реалноста околу вас, едноставно ќе ја изгубите довербата на луѓето. Страшно е што нема искрени дискусии за моменталната ситуација. Нашите главни цели во наредните месеци треба да бидат преговори и прекин на огнот“, заклучи тој.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 12-годишно момче

Катерина Ѓуровски

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Русија издаде налог за апсење на шефот на украинската служба за безбедност поради тероризам

Кремљ: Мировни преговори за Украина без учество на Русија се апсурдни

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Рускиот амбасадор не одговорил на повикот на Полска: Прво понудете докази

Предраг Петровиќ