Унгарија и Полска бараат поправедна распределба на парите од ЕУ

Од:

Унгарија и Полска бараат поправедна распределба на финансиите на ЕУ, порачаа премиерите на двете земји по состанокот на Вишеградската група во Чешка посветена на економското заздравување по пандемијата на коронавирусот.

„Унгарија може да го поддржи планот на ЕУ за распределба на парите, доколку неправедно не им се удоволува на богатите земји,“ истакна унгарскиот премиер Виктор Орбан по состанокот со лидерите на Чешка, Полска, Унгарија и Словачка.

Тој нагласи дека е подготвен да се откаже од своето генерално негодување за финансирање на што било со помош на кредити, бидејќи „очајните времиња бараат очајни мерки“.

„Тоа можеме да го прифатиме. На тоа гледаме позитивно, но потребни се многу промени, истакна унгарскиот премиер, додавајќи дека е „апсурдно“ богатите земји да добиваат повеќе финансии од сиромашните“.

Орбан смета дека „парите треба да се користат пофлексибилно и системот за рабат треба да се укине по Брегзит“.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки рече дека побогатите земји-членки треба да уплаќаат повеќе во буџетот на ЕУ по завршувањето на пандемијата.

Би можело да ве интересира

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

(ВИДЕО) Тепачка, солзавец и шок бомби: Полициска пресметка со земјоделците во Варшава