Унгарците нудат да му платат на Киев за нафта наместо Русите

Од:

Унгарската компанија за нафта и гас МОЛ потврди дека испораката на руска нафта преку јужниот крак на гасоводот Дружба престаналa пред неколку дена.

Унгарската компанија објави дека започнала преговори за преземање на обврската за плаќање на транзитната такса во Украина во име на Транснефт.

Транснефт во понеделникот објави дека украинскиот државен оператор „Укртранснафта“ престанал да испумпува руска нафта до Европската унија, бидејќи европските санкции против Русија ја спречуваат руската фирма да плаќа транзитни такси за Украина.

Унгарскиот информативен портал Ориго објави дека МОЛ понудил да ја плати транзитната такса во име на Транснефт, но дека не добил одговор од Украина, пренесува денеска Раша.

„Иако МОЛ има доволно резерви за неколку недели, работи на решавање на ова прашање и започна преговори за преземање на подмирување на обврската врз основа на транзитната такса“, се вели во соопштението на унгарската енергетска компанија.

Би можело да ве интересира

Скок на цената на нафтата, се намали вредноста на златото

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Паднаа цените на нафтата

Поскапува Еуросупер БС-98, цените на другите горива не се менуваат

Горан Наумовски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он