УНЕСКО поддржува Одеса да биде на листата на светско наследство

Од:

УНЕСКО ја поддржува иницијатива на Украина да го стави пристанишниот град Одеса на својата листа на светско наследство, информираше агенцијата на Обединетите Нации.

По состанокот на украинскиот министер за култура Олександр Ткаченко и генералната секретарка на УНЕСКО, Одри Азуле во седиштето во Париз, агенцијата објави дека ги мобилизирала своите експерти со цел државите членки на Одборот за светско наследство да можат што поскоро да ја проверат номинацијата на Одеса.

УНЕСКО соопшти дека ја сака Одеса и на листа на светско наследство што е во опасност, како и Киев и Лавов што веќе се на листата на агенцијата.

Црноморското пристаниште Одеса се наоѓа на само неколку десетици километри од борбената линија и веќе беше погодено од артилериски напади, наведува агенцијата.

Минатиот месец беше унишен голем дел од стаклениот кров на тамошниот Музеј на ликовни уметности, изграден во 1899 година.

УНЕСКО ќе го финансира поправањето на музејот, како и Музејот на модерна уметност, а ќе има вработување и на дополнителен персонал кој ќе ги штити нивните колекции. Агенцијата ќе помогне и во дигитализација на уметничките дела и ќе испрати заштитна опрема.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион

Мониторинг-мисијата на УНЕСКО на проценка во Охрид

Одеса остана без струја, цел беше и регионот на Миколаев

Руско дрон падна во Одеса, едно лице загина, три се повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Италијанското оперско пеење доби статус на културно наследство на УНЕСКО

Предраг Петровиќ

Ковачевски во УНЕСКО: Северна Македонија е мултикултурна реткост и придонесува во ефикасен мултилатерализам