Умерен земјотрес регистриран во јужниот дел на Калифорнија

Од:

Земјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во јужниот дел на американската сојузна држава Калофорнија.

Американската Агенција за геолошки истражувања (УСГС) соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на околу осум километри североисточно од градот Риџкрест во пустината Мохаве.

Земјотресот бил почувствуван и во околината на Лос Анџелес.

Од 4 јули во истата област во Калифорнија регистрирани се два силни земјотреси со интензитет од 6,4 и од 7,1 степени според Рихтер, како и голем број последователни земјотреси.

Би можело да ве интересира

Додека Ријад и Техеран меѓусебно се обвинуваат, САД подготвени за акција

„Вашингтон пост“: Фејсбук страница на американски ветерани хакирана од македонски бизнисмен

Татјана Ташкова

Трамп ќе го назначи Роберт О’Брајан на местото на Болтон

Трамп нареди зголемување на санкциите кон Иран

Пенс: САД се подготвени за одговор на нападите во Саудиска Арабија

Ана Ололовска

Иран официјално го предупреди Вашингтон: Ќе одговориме на напад

Ана Ололовска