Ултраортодоксниот град Бнеи Брик во Израел во целосен карантин, 38 отсто од жителите имаат коронавирус

Од:

Изреалската полиција денеска постави метални барикади на улиците на градот Бнеи Брак, за да го спречи целосното движење во овој ултраортодоксен град, што е тешко погоден од коронавирусот.

Израелската Влада ја изгласа оваа мерка вчера и го прогласи Бнеи Брак, што се наоѓа во близина на Тел Авив, за зона со ограничено движење, поради високата стапка на зараза.

Полициските сили со маски и ракавици утрово со брзи движења ги барикадираа главните приоди кон градот за да ги принудат луѓето да ги почитуваат новите правила.

– Бнеи Брак од утринава е во карантин, а полицијата ќе спречи какво било движење во градот и надвор од него. На луѓето ќе им биде дозволено излегување само од здравствени причини или здравствена поддршка, изјави портпаролот на полицијата Мики Росенфилд.

Здравствените експерти проценуваат дека дури 38 отсто од вкупната популација на Бнаи Брак, што брои 200.000 жители е заразена со коронавирусот и дека само на овој град отпаѓаат 30 отсто од вкупно заразените лица во цел Израел, држава со население од 8.7 милиони.

Бнеи Брак има густа населеност, што е речиси 100 пати поголема од националниот просек, и многу од населението е сиромашно, па влијателните рабини кои покажуваат неверување во можностите на државата, ширеле дезинформации за вирусот и поради тоа заразата брзо се проширила.

Со оглед на тоа дека повозрасните луѓе се лесна мета на вирусот, израелската војска планира да евакуира 4.500 луѓе постари од 80 години и да ги смести во изолација во хостели надгледувани од војската.

Израел досега има пријавено 36 смртни случаи и околу 7.000 заразени од коронавирусот. Строгите мерки ги присилија Израелците да останат во своите домови, компаниите се затворија, а стапката на невработеност нагло се зголеми.

Би можело да ве интересира

САД и Германија ги предупредија Израелците да не ја напаѓаат Рафа

Британците првпат со падобрани испорачаа помош во Газа, испратија порака и до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел не дозволува конвои со храна да минуваат до северниот дел на Газа

Катерина Ѓуровски

САД предлага итен прекин на огнот во Газа

Блинкен во обид да договори примирје меѓу Хамас и Израел

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск