Уловена пирана во езерце на истокот од Франција

Од:

Во Сант-Дие-де-Вож, во источна Франција, спортски риболовец уловил пирана, која го каснала за прстот во моментот кога сакал да ја извади од јадицата, пренесува дописникот на МИА од Париз.

-На почетокот не верував, но ја видов рибата која е зачувана во фрижедер и можам да ви кажам дека станува збор за пирана, вели Мишел Дорнер, претседател на локалното риболовно друштво од Сант-Дие-де-Вож.

Според рибочуварот Жан-Клод Шапри, кој бил присутен на местото на уловот на рибата, рибарот бил каснат во моментот кога сакал да ја извади јадицата.

Се претпоставува дека рибата-карнивор некој ја пуштил во езерцото откако била во аквариум. Се претпоставува дека биле пуштени истовремено повеќе вакви видови на риби, кои обично живеат во тропски води со температура од 20 целзиусови степени, што не е случај со езерцата во Вогезите и воопшто во Франција.

Риболовците мислат дека пираната нема шанси да преживее во француските води, а уште помалку да се репродуцира во оваа средина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм