Украинските власти тврдат дека под урнатини на зграда во Мариупол се пронајдени 200 тела

Од:

Работници кои копале во урнатини на станбена зграда во Мариупол пронашле 200 тела, соопштија денеска украинските власти.

Тела во фаза на распаѓање се пронајдени во подрум на урната станбена зграда во Мариупол, разурнат пристаништен град кој стана симбол на страдањето, но и на отпорот, соопштија градските власти.

Мариупол, над кој руските сили неодамна презедоа целосна контрола, е поврзан со некои од најтешките страдања за време на руската војна во Украина. Градот стана и симбол на отпорот поради украинските борци во железарницата Азовстал.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ