Украинскиот претседател бара САД да споделат информации за авионската несреќа

Од:

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска разговараше со украинскиот претседател Володомир Зеленски, откако тој побара САД и другите западни земји да ги споделат информациите што што ги имаат дека украинскиот патнички авион, што се урна ведаш по полетување, бил соборен со ракета.

Во статус на Фејсбук Зеленски денеска ја отвори можноста дека авионот на „Меѓународни авиолинии на Украина“ бил соборен со проектил, при што загинаа сите 176 луѓе во авионот.

„Не може да се отфрли, но во моментов тоа не е потврдено“, напиша Зеленски.

После ова, портпарол на украинскиот претседател потврди дека Зеленски се сретнал со официјани лица на Амбасадата на САД во Киев и добил „важни податоци кои ќе бидат проучени од нашите експерти“.

Американски и сојузнички официјални лица од синоќа тврдат дека поседуваат разузнавачки информации дека Боингот 737, кој вчера во раните утрински часови одлетал за Киев, Украина, бил соборен од ракета земја-воздух неколку минути по полетувањето од Техеран.

Млазниот авион се урна отприлика четири часа откако Иран истрела повеќе проектили кон американски цели во Ирак, како одмазда за убиството на нивниот генерал Касем Сулејмани, предводник на Корпусот на гардата на исламската револуција, влијателна иранска милитантна група.

Во тензичните моменти по ракетниот напад, иранската армија очекуваше одговор од Американците.

Се верува дека патничкиот авион бил погрешно идентификуван на радарот како американски проектил, а невешто поставениот ланец на команда во иранската армија е причина за активирање на ракетата, за која набљудувачи укажуваат дека е од руско производство.

Зеленски денеска укажа дека поради конфликтот на Украина со Русија, западните влади се уште го задржуваат споделувањето на доказите со Киев, а кои најверојатно потврдуваат дека украинскиот авион е соборен од Иран.

Претходно, и премиерите на Канада и Велика Британија, Џастин Трудо и Борис Џонсон, изјавија дека Иран најверојатно го соборил авионот по грешка. Американскиот претседател Доналд Трамп исто така изјави дека авионот е урнат како резултат на „грешка од другата страна“.

„Наша цел е да ја посочиме непобитната вистина. Сметаме дека целата меѓународна заедница е одговорна пред семејствата на загинатите и за спомен на жртвите на катастрофата“, изјави Зеленски.

Украинскиот јавен обвинител денеска побара помош од Канада, која се верува дека поседува разузнавачки иформации за истреланиот проектил врз авионот.

Би можело да ве интересира

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак, се шпекулира за воздушен напад

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Украина: Во рускиот напад на областа Дњепропетровск загинаа 8 лица, 29 се повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран