Украинскиот премиер: Ни требаат дополнителни 17 милијарди долари

Од:

Украинскиот премиер Денис Шмихал истакна дека на неговата земја ќе и бидат потребни дополнителни 17 милијарди долари за финансирање енергетски поправки, деминирање и обнова на инфраструктурата. Енергетската инфраструктура на Украина е сериозно оштетена по четири месеци руски ракетни и беспилотни напади.

Шмихал рече дека украинската влада оваа недела била домаќин на состанок со западните партнери на кој се разговарало за координирање на финансиската поддршка на транспарентен и ефикасен начин.

„Оваа година треба да финансираме огромен буџетски дефицит од околу 38 милијарди долари. Уште 17 милијарди долари оваа година ќе бидат потребни за брзо обновување на енергијата, хуманитарно деминирање и обновување на станбената, критичната и социјалната инфраструктура“, нагласи тој.

Украинската влада објави и дека формира Државна агенција за обнова и развој на инфраструктурата. Новосоздадената Агенција ќе ја предводи Мустафа Најем, познат поранешен новинар кој е заменик министер за инфраструктура од 2021 година.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ