Украинскиот министер за одбрана: Наскоро ќе објавиме добри вести

Од:

Министерот за одбрана на Украина Олексиј Резников на социјалните мрежи напиша дека „наскоро ќе објави добри вести“.

Резников вели дека разговарал за „начините за зајакнување на украинските капацитети“ со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.

Вели дека „наскоро ќе ја објави добрата вест“, но не даде никакви дополнителни детали. Но, тој напиша дека украинската армија „ќе продолжи да користи оружје за да ги деокупира“ териториите контролирани од руските сили.

Украина, да потсетиме, веќе некое време бара од САД ракети ATACMS, чиј дострел значително го надминува сето она што моментално им е достапно на Украинците. Скај њуз наведува дека не се знае дали САД им ги испратиле тие проектили или не.

Би можело да ве интересира

Руските војници ја уништија работилницата на украинската армија за производство на беспилотни летала

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Нова корупциска афера во Украина, осомничен е министер за земјоделство

Русите прават голем напредок во источна Украина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина