Украинскиот министер за надворешни работи откри од каде се „крвавите пакети“: Сите се испратени од една европска адреса

Од:

Украинскиот министер за надворешни работи Димитро Кулеба изјави дека сите сомнителни пакети испратени до украинските амбасади имаат адреса на застапништво на автомобили Тесла во Германија и обично се испраќаат од пошти без видео надзор.

Вакви пакети добија 15 земји во кампања на терор против украинските дипломати, напиша Кулеба на Фејсбук.

Украина минатата недела соопшти дека „крвави пакети“ со животински очи биле испратени до неколку нејзини амбасади во Европа. Неколку дена претходно во украинската амбасада во Шпанија беше детонирано писмо-бомба.

„Сите пликови имаат иста адреса на испраќачот: салон за автомобили Тесла во германскиот град Синделфинген. Вообичаено, пратката одела од пошти кои не биле опремени со системи за видео надзор“, напиша Кулеба и додаде дека „криминалците презеле мерки да не остават траги од нивната ДНК на пакетите“.

„Тој детал особено укажува на професионалното ниво на имплементација“, напиша шефот на украинската дипломатија.

Засега нема коментари од Берлин, ниту од раководството на компанијата за електрични автомобили.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ