Украинскиот министер Таран во Врховната рада доби неколку чифта женски чевли со високи потпетици

Од:

За време на денешната седница на Врховната рада, украинскиот министер, Андриј Таран, на подарок доби неколку чифта женски чевли со високи потпетици.

Според украинските медиуми, причина за тоа е скандалот што самиот го предизвика со начинот на облекување на жените во армијата.

Имено, пратеничките во Врховната рада се налутија по говорот на Таран, во кој кажа дека припадничките на армијата треба да носат чевли со потпетици за време на прославата на Денот на независноста на Украина.

-Господине министер, дали ја приближувате нашата армија до стандардите на НАТО, го праша зајадливо членката на парламентот Елена Контратјук.

Според порталот „Обсервер“, пратениците се приближиле до местото каде што седел Таран и му оставиле чевли со потпетици. Тие, исто така, побараа истрага и во извештајот да се наведе кој ја донел таа одлука и колку пари биле потрошени за набавка на високи потпетици.

За потсетување, властите на Украина вчера донесоа одлука припадничките на воените сили на Украина за време на парадата да маршираат со потпетици.

Би можело да ве интересира

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Украина: Во рускиот напад на областа Дњепропетровск загинаа 8 лица, 29 се повредени

Горан Наумовски

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Би-Би-Си: Убиени се најмалку 50.000 Руси