Украински разузнавачи тврдат дека Русите планираат да ја гранатираат нуклеарката Запорожје

Од:

Украинското воено разузнавање тврди дека Русите повторно планираат да ја гранатираат нуклеарната централа Запорожје, најголемата нуклеарна централа во Европа, која е под окупација на руските сили.

Како што пренесува Киев Индипендент, претставници на разузнавањето тврдат дека руските сили планираат нов напад врз нуклеарната централа Запорожје и блискиот град Енерходар.

Работата на нуклеарната електрана Запорожје, која е под руска контрола, во текот на ноќта е целосно прекината како мерка за безбедност на централата, соопшти денеска украинската енергетска компанија Енергоатом.

Компанијата прецизираше дека го исклучила шестиот реактор на нуклеарната централа од електричната мрежа во 03:41 часот по локално време.

– Во тек се подготовки за да се излади и да се доведе во студена состојба, соопшти Енергоатом.

Компанијата додаде дека вчера успеала да ја обнови инфраструктурната врска на централата со електричниот систем, кој, според „Енергоатом“, бил оштетен од руско гранатирање. На овој начин повторно стана возможно централата да се напојува од украинскиот енергетски систем.

– Донесена е одлука да се исклучи блокот број 6 и да се доведе во најбезбедна состојба – студена, се вели во соопштението на енергетската компанија.

Енергоатом во исто време нагласи дека „останува висок ризикот од предизвикување дополнителни штети на инфраструктурата“, што би создало потреба од „напојување на централата со дизел генератори, а ова решение би било краткорочно, земајќи ги предвид технолошкиот ресурс и количината на достапно дизел гориво“.

Киев во средата ги повика сите жители на областите окупирани од Русија околу нуклеарната централа Запорожје, која е најголемата нуклеарна централа во Европа, да се евакуираат заради нивна безбедност.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Американски снајперист во Украина: Мора да го запреме Путин