Украински гувернер: Мобилизираните Руси во Луганск во просек преживуваат две недели

Од:

Напредокот на украинскиот контранапад во источниот регион Луганск го забавува лошото време, „илјадниците“ мобилизирани резервисти и жестокиот отпор на руските сили, изјави денеска украинскиот гувернер на тој регион Серхи Хајдај.

„Напредокот на нашите сили не оди толку брзо како што би сакале. Руските сили имаа малку време да ги зајакнат своите резервни единици. Гледаме многу мобилизиран персонал, вклучително и осуденици, но и многу опрема. Русите имаа време да копаат и минираат големи површини“, рече Хајдај.

Да потсетиме, Луганск е еден од четирите региони на Украина кои рускиот претседател Владимир Путин минатиот месец ги прогласи за руска територија.

„Тие умираат во голем број“

Хајдај рече дека Москва испратила „илјадници“ мобилизирани резервисти во Луганск за да го забават украинскиот контранапад. „Има многу мобилизиран персонал во Луганск, зборувам за илјадници луѓе. Околу Бахмут има илјадници од нив, тие умираат во голем број. Русите испраќаат резервисти да ги лоцираат нашите позиции.“, рече Хајдај.

„Просечниот животен век на мобилизираните Руси во Луганск е околу две недели“, рече Хајдај, додавајќи дека украинските сили продолжуваат да напредуваат околу еден до три километри дневно на некои делови од линијата на фронтот, и покрај лошите временски услови, кои, како што рече, „не придонесуваат за нашиот напредок“.

Најжестоките битки, рече Хајдај, се воделе околу Билохоривка и Сватов, додавајќи дека Русите ги гранатирале селата што ги ослободиле Украинците.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Додик отпатува за Русија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина