Украинска војска: Го извршивме досега најдлабокиот напад на окупираната територија

Од:

Украинската армија, се чини, го изведе најдлабокиот удар досега на територијата под руска окупација.

„Утрово пристигнаа добри вести, силна детонација во регионот Хеническ“, изјави денеска Серхи Клан, советник на началникот на воената администрација на регионот Керсон, а пренесува Си-Ен-Ен.

Хеническ се наоѓа во јужниот дел на регионот Керсон, во близина на Крим и е оддалечен околу 200 километри од најблиската линија на украинскиот фронт.

„Сè уште чекаме официјална потврда од нашите вооружени сили, но ова е многу добра вест. Детонацијата се слушаше на 1,5 до 2 часа од железничката станица што ги поврзува Крим и Мелитопол“, соопшти Клан.

Би можело да ве интересира

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Украина: Во рускиот напад на областа Дњепропетровск загинаа 8 лица, 29 се повредени

Горан Наумовски

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски