Украинска криза: Путин ја губи војната, Русија нема оружје, уверени се во НАТО

Од:

Еден ден откако Њујорк тајмс објави дека на Западот му снемува оружје за испраќање во Украина, од НАТО доаѓаат различни пораки и тврдења дека Русија ја губи војната и дека всушност и снемува оружје.

Во пресрет на самитот на западната воена алијанса во Романија, украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба го повика НАТО да го зголеми производството на оружје, а генералниот секретар на овој пакт Јенс Столтенберг вели дека ќе застане на страната на Украина бидејќи „не може да се дозволи на агресорот да победи“.

Столтенберг тврди и дека Русија губи на бојното поле и затоа смета на зимата како сојузник во нејзината инвазија.

„Да, можеме да очекуваме нови напади, никој не може да каже колку и кога, но Русија и нејзиниот претседател Владимир Путин покажаа ниво на бруталност и нанесување болка што не сме го виделе од Втората светска војна“, рече генералниот секретар на НАТО.

Повлекувањето на руската армија прво од Киев, на почетокот на војната во февруари и март, а потоа од регионот Харков, на исток, а неодамна од Керсон, на југ, Столтенберг го гледа како јасни знаци на слабост на Русија.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ