Украинците тврдат: Имаме доказ дека Русите ја кренаa во воздух браната во Херсон

Од:

Украинската служба за внатрешна безбедност соопшти дека пресретнала телефонски повик кој докажал дека руските сили ја разнеле хидроелектраната и браната Каховка во регионот Херсон во јужна Украина.

Службата за безбедност на Украина на својот канал Телеграм објави аудио снимка од наводниот разговор од една и пол минута.

Руските и украинските власти меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на браната Херсон, што доведе до поплави која расели илјадници луѓе и остави стотици илјади без нормален пристап до вода за пиење.

Киев тврди дека пукањето на браната е руска „еколошка бомба за масовно уништување“, додека Москва вели дека тоа е терористички чин извршен од украинските сили како дел од нивната контраофанзива.

Гувернерот на Херсонската област под руска контрола, Владимир Салдо, денеска изјави дека две лица загинале, а две се ранети во Голаја Пристан кога Украинците ја гранатирале точката за евакуација на цивили од поплавеното подрачје, како резултат на уништувањето на Каховска брана.

Во меѓувреме, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја обвини Украина дека ги нападнала руските спасувачи во поплавената област, објави Ројтерс.

Би можело да ве интересира

Русија продава нафта за 20 долари поскапо од цената што Г7 сака да и ја нематне

Буданов: Украинските војници во офанзива одат пеш

Украина: Припадници на „Вагнер“ се вратија во Бахмут

Поради стравот од директен конфликт со Русија, Германија го одложува испраќањето крстосувачки ракети во Украина

Путин е подготвен да стави крај на војната доколку Украина исполни еден услов

Русите: Напредуваме