Украинците навлегоа во Луганск: Киевските сили во регионот првпат од почетокот на војната

Од:

Фотографиите на социјалните мрежи од средата покажуваат украински војници во најмалку едно село во источниот регион Луганск, откако преминале од соседниот регион Доњецк.

Украинската војска на патот меѓу Изум и Лиман на 4 октомври

На една слика, војници може да се видат покрај знакот на патот кон селото Грекивка, веднаш во регионот на Луганск, објави Си-Ен-Ен. Ова е првпат од почетокот на инвазијата, украинските трупи да напредуваат во Луганск.

Групата „Вишеград24“ на „Твитер“ објави дека украинските трупи ја ослободиле Грекивка и дека „тоа значи дека украинската контраофанзива сега стигнала до Луганск и се вратила во секој регион на земјата“.

„Како напредуваат твоите планови за анексија, Путин?“, иронично го прашаа рускиот претседател во објавата.

Би можело да ве интересира

Русија и Украина ги кажаа условите за преговори откако Трамп објави дека зборувал со Путин

Катерина Ѓуровски

Торецк е под контрола на Русите

Русија врати осум киднапирани деца во Украина

ВИДЕО: Русите уништија еден од најголемите пазари во Европа

ВИДЕО: Експлозија во луксузен комплекс во Москва, ликвидиран регрутер на руската војска

(ВИДЕО) Зеленски: Украина во моментов е најблиску до мир во последниве три години

Катерина Ѓуровски