Украинците бараат нови авиони од четврта генерација, Бајден ја отфрли можноста: Расте притисокот во НАТО

Од:

Украина би сакала да добие западни борбени авиони од четвртата генерација, како што е Ф-16, откако обезбеди испорака на борбени тенкови минатата недела. Украинскиот министер за одбрана треба да се сретне со претседателот Емануел Макрон во Париз, во време на дебата меѓу сојузниците на Киев за тоа дали да се обезбедат борбени авиони за војната против Русија, откако американскиот претседател Џо Бајден ја отфрли можноста за испраќање Ф-16.

Запрашан  во Белата куќа дали САД ќе и дадат Ф-16 на Украина, Бајден им рече на новинарите „Не“.

Но, се чини дека Франција и Полска се подготвени да прифатат такво барање од Украина, а Макрон  пред новинарите во Хаг изјави дека „по дефиниција, ништо не е исклучено“ кога станува збор за воената помош. Макрон нагласи, според француската телевизија, дека таквиот потег зависи од неколку фактори, вклучително и потребата да се избегне ескалација и уверувањата дека авионите нема да ја „допрат руската почва“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакна дека испраќањето оружје од западните земји води до тоа „земјите од НАТО да бидат сè подиректно вклучени во конфликтот – но тоа нема потенцијал да го промени текот на настаните и нема да го промени“.

Би можело да ве интересира

Зеленски побара помош од САД против рускиот „воздушен терор“

ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 12-годишно момче

Катерина Ѓуровски

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Бајден: Да ја заштитиме Украина од месарот Путин

Зеленски го разреши секретарот на Советот за национална безбедност

Русија издаде налог за апсење на шефот на украинската служба за безбедност поради тероризам