Украина воведува казна до 15 години затвор за соработка со Русија – „државата агресор“

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша закон според кој секој соработник на „државата агресор“ може да биде ставен во затвор, информираше првиот заменик претседател на Врховната рада на Украина, Александар Корниенко.

Тој ја даде изјавата за телевизискиот канал „Украина 24“.

Корниенко додаде дека околу 20 пратеници во украинскиот Парламент, кои ја напуштија земјата на почетокот од рускиот напад врз Украина, според него, поради соработка со Русија, треба да бидат осудени на максимална казна, предвидена со новиот закон.

Во јануари 2015 година, нецела година по анексијата на Крим, украинските власти официјално ја прогласија Руската Федерација за „држава агресор“, а Врховната рада на 3 март ги усвои законите, со што се смени кривичниот закон во земјата.

Според првиот документ, се воведува затворска казна за соработка со „државата агресор“ до 15 години. Другиот пак, овозможува затворање политички партии, како и правни лица, поврзани со осудени според првиот закон.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он