Украина: Во Азовстал има уште многу луѓе, операцијата за евакуација не е готова

Од:

Спасувачката операција на фабриката за челик Азовстал ќе биде завршена само кога сите бранители на Мариупол ќе бидат евакуирани на териториите под контрола на Украина, изјави за Би-Би-Си заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Малиар.

„Има уште многу луѓе во Азовстал и ги продолжуваме преговорите за да ги извлечеме од таму“, вели Малиар.

Таа вели дека тоа е чувствителна операција и дека секоја наредба може да биде опасна по животите на луѓето.

Повиците од политичарите во Москва да се спроведат некои од оние кои беа однесени од фабриката за челик на судење за воени злосторства „најверојатно се дадени поради домашната пропаганда во Русија“, рече Малиар.

„Преговорите се уште се во тек и многу се надеваме на позитивен резултат“ – вели Малиар.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ