Украина: Уништивме 27 од 30-те беспилотни летала лансирани од Русија

Од:

Украинската противвоздушна одбрана уништи 27 од 30-те беспилотни летала кои Русија ги лансираше во текот на ноќта, како и балистичката ракета Искандер, објавија утрово на Телеграма воздухопловните сили.

На истокот од земјата беше соборен и извидувачки дрон.

Во извештајот се вели дека проектилот бил лансиран од окупираниот Крим во Криви Рих, град во централна Украина, додека беспилотните летала биле уништени на југот, центарот и западот на земјата.

Би можело да ве интересира

Најмалку 14 лица се повредени во руските напади врз градови низ Украина

Лавров: Ако сакате преговори, Киев нека го отповика указот на Зеленски

Моравјецки: Полска повеќе не испраќа оружје во Украина

(ВИДЕО) Се спасуваат ранетите од урнатините во Черкаси

Седум ранети во рускиот напад на Киев, меѓу кои и деветгодишно девојче

Горан Наумовски

Спречени украински напади кај Севастопол на Крим