Украина: Убивме 17, а заробивме 12 руски војници

Од:

Силите за специјални операции на украинската армија известуваат дека при напад на непријателски позиции во областа Курск, убиле 17 руски војници кои се обидувале да ја вратат територијата што Украина ја освои летово.

Украинските сили за специјални операции (ССО) извршија напад зад непријателските линии во Курск, при што загинаа 17 руски војници, а 12 беа заробени, се вели во извештајот на ССО.

73-от поморски центар и 6-от ренџерски полк одиграа клучна улога во операцијата. ССО објави видео, кое Киев пост не можеше самостојно да го потврди, на кое се гледа блиската борба и моментот кога руските војници биле заробени.

Од август 2024 година, украинските сили започнуваат офанзивни операции во Курск. Ова е дел од пошироката стратегија за слабеење на руската одбрана во таа област и намалување на нејзиниот капацитет за идни напади на украинска територија.

Би можело да ве интересира

Кислица: Украина сака мир, но не „по секоја цена“

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер

Зеленски: Трамп може да ја натера Русија да ја запре војната оваа година

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски

Зеленски: Распоредувањето на европскиот контингент не може да биде единствената безбедносна гаранција

Сибиха: Забраната за директни преговори со Путин останува на сила