Украина: Убивме 14.200 руски војници

Од:

Украина објави дека од почетокот на војната се убиени 14.200 руски војници, пренесува Би-Би-Си, кој пишува дека не можеле самостојно да ги потврдат овие тврдења.

Утврдувањето на точниот број на жртви на секоја страна се покажа како предизвик, при што Русија и Украина цитираа различни бројки за загубите, јавува Би-Би-Си.

Русија ретко ги објавува своите загуби, прв и последен пат во оваа војна го стори тоа на 3 март кога тврдеа дека 498 нивни војници биле убиени.

Во меѓувреме, американските власти соопштија дека бројот на руските жртви може да биде повеќе од 7.000, а повредени се и до 14.000.

Украина тврди дека нејзините сили исто така уништиле или оневозможиле: 450 тенкови, 93 авиони, 112 хеликоптери и 43 системи за противвоздушна одбрана.

Би можело да ве интересира

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Американски снајперист во Украина: Мора да го запреме Путин