Украина: Тешки борби во Доњецк, Русите го гранатираа и Херсон

Од:

Продолжуваат копнените битки во областа Доњецк во источна Украина. Русите се обидуваат да ја поместат линијата на фронтот западно од градот Доњецк, кој од 2014 година е под контрола на проруските сепаратисти, пренесува Ројтерс.

Генералштабот на украинската армија соопшти дека руските сили се обидуваат да напредуваат кон нивните главни цели во регионот на Доњецк, градовите Бахмут и Авдијевка. Руските сили ги гранатираа двете области и користат запалива муниција во обид да ги запалат украинските одбранбени позиции, но со само ограничен успех, објави украинската војска.

Што се однесува до јужниот фронт, руските сили се уште се вградени на источниот брег на реката Днепар, објави украинската армија, додавајќи дека се гранатира областа на западниот брег, вклучувајќи го и градот Херсон, кој неодамна беше ослободен од украинските сили по повлекувањето на Русија.

Би можело да ве интересира

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ

Стигна порака: „Новата американска помош нема ништо да смени во Украина“