Украина соопшти дека 1,5 милиони луѓе во регионот на Одеса останале без струја

Од:

Повеќе од 1,5 милиони луѓе во јужниот украински град Одеса останаа без електрична енергија по нападите со руски беспилотни летала врз инфраструктурата за производство на електрична енергија, изјави претседателот Володимир Зеленски во видео обраќање.

Целата некритична инфраструктура во украинското пристаниште Одеса беше без струја откако Русија со ирански беспилотни летала погоди два енергетски постројки, соопштија официјални лица во саботата и рекоа дека штетата може да потрае со месеци за да се поправи.

Зеленски во видео обраќање рече дека има голем дефицит во производството на електрична енергија.

Од октомври Москва во големи бранови ја гаѓа енергетската инфраструктура на Украина со проектили и беспилотни летала, а Киев во петокот призна дека секоја термо и хидроцентрала во земјата е оштетена.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ

Стигна порака: „Новата американска помош нема ништо да смени во Украина“

Русија за американската помош: Ова дополнително ќе ја уништи Украина