Украина се надева на евакуација на цивили преку девет коридори, вклучително и од Мариупол

Од:

Украина се надева дека денеска ќе евакуира цивили преку девет хуманитарни коридори од градовите, вклучително и од Мариупол, изјави вицепремиерката Ирина Верешчук, додека во Чернигов се зголемува бројот на жртви, а погодено е и училиштето во Мерефа.

Евакуацијата би се случила еден ден откако украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските сили намерно нападнале театар во Мариупол каде што се засолниле стотици цивили.

Заменик градоначалникот на Мариупол, Серхи Орлов изјави за Би-Би-Си дека меѓу 1.000 и 1.200 цивили се засолниле во театарот.

Руските сили со недели го опсадуваат Мариупол и се проценува дека во градот се блокирани околу 300.000 негови жители, кои со денови се без вода за пиење, струја и гас. Резервите на храна и лекови се при крај, а Русија не дозволи влез на хуманитарен конвој за помош на опколеното население.

Градот е под постојан напад на руските вооружени сили од почетокот на војната на 24 февруари, а цели населби се срамнети со земја.

Минатата недела пет лица загинаа во напад врз детска болница и породилиште.

Орлов истакна дека Русија вчера нападнала конвој цивили кои го напуштале Мариупол.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ

Стигна порака: „Новата американска помош нема ништо да смени во Украина“