Украина: Русија загуби 40 отсто од силите што ги испрати

Од:

Од почетокот на агресијата досега руските вооружени сили имаат претрпено загуби до 40 отсто од ангажираната техника и луѓе во Украина, тврди Генералштабот на украинската армија.

Во денешниот дневен билтен украинската страна соопштува дека дури 40 проценти од руските окупациски сили се или целосно уништени или исфрлени од борбена способност.

И натаму како најкритична се посочува областа околу Мариопол, каде руските сили имаат големи загуби во обидите да го блокира пристанишниот град од западна и источна страна, тврди Киев.

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека во текот на вчерашниот ден околу 20 илјади луѓе успеале да се евакуираат од Мариопол, додека колоната со помош за градот се уште е блокирана од руска страна.

Во областа околу Одеса руски воени бродови вршеле гранатирање на брегот на Црното море, без обиди за десант, соопшти Антон Херашченко, советник во украинското МВР.

Во текот на денешниот ден треба да продолжат преговорите на украинските и руските претставници. За барањата на руската страна Зеленски рече дека тие сега стануваат пореални, но предупреди дека ќе биде потребно уште некое време пред Украина да биде задоволна од понуденото.

Премиерите на Полска, Чешка на Словенија вчера беа во Киев за на украинскиот претседател да му ја покажат својата солидарност и поддршка кон Украина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 12-годишно момче

Катерина Ѓуровски

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Русија издаде налог за апсење на шефот на украинската служба за безбедност поради тероризам

Кремљ: Мировни преговори за Украина без учество на Русија се апсурдни

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Рускиот амбасадор не одговорил на повикот на Полска: Прво понудете докази

Предраг Петровиќ