Украина предлага мировници на ОН да ја обезбедуваат нуклеарната централа Запорожје

Од:

Шефот на украинскиот енергетски оператор Енергоатом, Петро Котин, денеска изјави дека мировници на Обединетите нации би можеле да ја обезбедуваат електраната во Запорожје, која е окупирана од Русија и континуираните напади во областа се закануваат да предизвикаат нуклеарна катастрофа.

Тој посочи дека мировен контингент на ОН би можел да воспостави безбедносна зона во Запорожје и руските војници да се повлечат, јави Би-Би-Си.

Неговата изјава доаѓа еден ден откако Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) побара од завојуваните страни да воспостават безбедна зона таму.

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека верува во извештајот на МААЕ, но ја критикуваше агенцијата што не кажа дека Украина е виновна за гранатирањето на областа.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги поздрави повиците на МААЕ за воспоставување безбедносна зона во Запорожје.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 12-годишно момче

Катерина Ѓуровски

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Русија издаде налог за апсење на шефот на украинската служба за безбедност поради тероризам

Кремљ: Мировни преговори за Украина без учество на Русија се апсурдни

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Рускиот амбасадор не одговорил на повикот на Полска: Прво понудете докази

Предраг Петровиќ