Украина планира да изврши артилериски напади на територијата на нуклеарната централа Запорожје, тврди Конашенков

Од:

Украина планира утре да изврши артилериски напади на територијата на нуклеарната централа Запорожје од Никопол, тврди денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.

– Единиците на 44-та артилериска бригада на украинските вооружени сили планираат на 19 август да го нападнат СИ Запорожје од градот Никопол – изјави Конашенков, пренесе Тас.

Тој нагласи дека вината за евентуалните напади ќе падне на руските вооружени сили.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска е во Украина, кој се очекува да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски и турскиот претседател Таип Ердоган, кои исто така се во посета на Киев.

Според Конашенко, украинското раководство постојано шири гласини дека руските војници ја окупирале оваа нуклеарна централа и ги гранатираат вооружените сили на Украина од артилериски системи со долг дострел, покривајќи се со нуклеарни оружја, пренесува Спутник.

– Го обрнуваме вниманието на фактот дека руските војници немаат тешко вооружување ниту на територијата на станицата ниту во околните области. Таму има само безбедносни единици – рече портпаролот.

Тој додаде дека вооружените сили на Русија ги преземаат сите неопходни мерки за обезбедување на безбедноста на нуклеарната централа Запорожје.

Би можело да ве интересира

Руски воен репортер убиен во украинскиот напад со дронови

(ВИДЕО) Украински напад на осум области во Русија: двајца мртви, оштетени трафостаници и рафинерија

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат