Украинската разузнавачка служба објави дека открила руски шпионски ланец. Еден од шпионите бил дури и вработен во главниот штаб на украинската армија, изјави синоќа Олексиј Арестович, советник на претседателот Володимир Зеленски, пренесе украинската новинска агенција Укринформ.
Тој не даде детали за тоа колку шпиони има во синџирот. Арестович наведе една од целите на групата.
„Требаше да биде урнат патнички авион над Русија или Белорусија и да ја обвинат Украина“, рече тој.
Тој додаде дека за планот требало да се користат противвоздушни ракети од украински резерви.