Украина најави забрана за црквите поврзани со Русија

Од:

Украинската влада ќе подготви закон за забрана на црквите поврзани со Русија, во согласност со потезите што украинскиот претседател Володимир Зеленски ги смета за неопходни за да се спречи Москва „да ја ослаби Украина одвнатре“, објави денеска „Ројтерс“.

Украинскиот Совет за национална безбедност и совет за одбрана и порачаа на владата да го подготви законот по серијата рации во парохиите за кои Киев вели дека можеби добиваат наредби од Москва.

Советот за безбедност, исто така, нареди истрага за наводните „субверзивни активности на руските разузнавачки служби во верските институции во Украина и повика на санкции против неименувани лица“.

Претходно, украинскиот претседател Зеленски изјави дека високите украински безбедносни функционери наредиле истрага за активностите на Украинската православна црква (УПЦ) поврзана со Москва, како и за тоа дали УПЦ има право да врши активности во Киев-Печерск. Манастирот Лавра, кој е еден од најважните верски објекти за православните Руси и Украинци.

Во своето вчерашно видео обраќање Зеленски рече дека владата ќе поднесе до парламентот нацрт-закон за забрана на верски групи поврзани со центри на влијание во Русија.

„ Треба да создадеме услови ниту еден актер зависен од државата агресор (Русија) да не може да манипулира со Украинците и да ја ослабне Украина одвнатре – рече Зеленски.

Пред три години, вселенскиот патријарх Вартоломеј му го предаде указот за автокефалност на поглаварот на Православната црква на Украина, која со тоа и формално се одвои од Руската православна црква. Како огранок на Руската православна црква, таа е под духовна власт на патријархот Кирил, со седиште во Москва.

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев, коментирајќи ги постапките на украинските власти во однос на Украинската православна црква (УПЦ), денеска изјави дека украинските власти станале непријатели на православната вера, пренесува РИА Новости.

„ Киевските сатанисти дојдоа во Украинската православна црква, тие бараат врски со рускиот свет. Го конфискуваат црковниот имот. Тие тепаа свештеници и парохијани. Сепак, прогонот на УПЦ започна многу порано. Кога извесен Порошенко ги жртвуваше УПЦ и Минскиот договор заради неговиот неуспешен реизбор“ рече Медведев.

Би можело да ве интересира

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Американски снајперист во Украина: Мора да го запреме Путин