Украина купи модерен противтенковски систем од САД

Од:

САД ѝ испорачаа на Украина воена опрема во вредност од 60 милиони долари, која вклучува противтенковски ракети, со цел земјата да може да и се спротивстави на руската агресија, соопшти денес американската Амбасада во Киев.

Пратката пристигнала во Украина вчера и содржи противтенковски ракетни лансери од типот „Џавелин“. Опремата вклучува и муниција, како и комуникациски систем, а Американската амбасада ја опишува како составен дел од помошта насочена кон зајакнување на безбедноста на Украина и соработката меѓу двете земји.

Современиот противтенковски систем „Џавелин“ не го користи само американската војска и поморските единици, туку и армиите на многу други земји.

„САД цврсто стојат зад Украина и го поддржуваат нејзиниот суверенитет и територијалниот интегритет, загрозен од руската агресија,“ се наведува во соопштението на американската Амбасада.

Украинската војска повеќе од шест години води борби со бунтовнички групи, кои имаат руска поддршка, во погранична област со Русија. Во текот на тие борби загинаа повеќе од 13.000 луѓе. Конфликтот започна по соборувањето од власт на прорускиот претседател Виктор Јанукович во Украина во 2014 година, по што земјата се сврте кон соработка со Западот.

Би можело да ве интересира

Во рускиот напад на регионот Черкаси повредени се шест лица

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Стејт департментот официјално ја потврди тајната испорака на ракети со долг дострел на Украина

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Руските војници ја уништија работилницата на украинската армија за производство на беспилотни летала

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија