Украина: Киевските сили се во офанзива во некои области

Од:

Украинскиот заменик министер за одбрана рече дека во некои области киевските сили одат во офанзива.

„Одбранбената операција вклучува сè, вклучително и контраофанзивни акции. Затоа, во некои области се префрламе на офанзивни акции“, рече Хана Малиар на Телеграм.

„Конкретно, насоката на Бахмут останува епицентарот на непријателствата. Таму се движиме по прилично широк фронт. Успешни сме. Заземаме доминантни височини. Непријателот е во дефанзива и сака да ги задржи своите позиции“, додаде таа.

Таа тврди дека на југ Русија е во дефанзива и додава: „Зошто Русите активно објавуваат информации за контраофанзива? Затоа што треба да го оттргнат вниманието од поразот во правец на Бахмут“.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ