Украина испраќа дополнителни сили на границата со Белорусија

Од:

Украинската гранична служба ги зајакна безбедносните мерки на границата со Белорусија.

– Зајакнувањето на овој дел од државната граница е со ангажирање на дополнителни резерви, вклучително и единицата Дозора и службата на Центарот за обука на кучиња. Авијацијата што ја контролира границата и дроновите вршат набљудување од воздух, а чамци патролираат по водите на границата, се наведува во соопштението на украинската гранична служба.

Во Белорусија секојдневно се одржуваат протести поради резултатите од изборите на кои победи Александар Лукашенко.

Тој денеска во Сочи ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

– За време на средбата планирано е да разговараат за клучните прашања на понатамошниот развој на руско-белоруските односи на стратешкото партнерство и сојузништво. Посебен фокус ќе биде ставен на реализација на главните заеднички проекти во трговско-економската, енергетската и културно хуманитарната сфера, како и на перспективата за унапредување на интеграциските процеси во Унијата, соопшти Кремљ.

Тоа е прва посета на Лукашенко во странство по претседателските избори на 9 август, на кои тој прогласи победа, а опозицијата ги оспорува резултатите. Русија, за разлика од западните држави, ги призна резултати од претседателските избори во Белорусија.

Би можело да ве интересира

Зеленски побара помош од САД против рускиот „воздушен терор“

Кулеба го повика Западот да испрати системи за воздушна одбрана „Патриот“ во Украина

Горан Наумовски

Зеленски го разреши секретарот на Советот за национална безбедност

Политико: На Украина очајно и требаат војници

(ВИДЕО) Силни експлозии во Киев

Горан Наумовски

Одеса остана без струја, цел беше и регионот на Миколаев