Украина им даде понуда на Русите кои ќе бидат мобилизирани

Од:

Украина испрати порака до Русите кои би биле присилно мобилизирани и испратени на фронтот.

dobivaj vesti na viber

Пораката ја испрати советникот на Володомир Зеленски Михајло Подолjак.

“Присилно регрутираните Руси кои не сакаат да се срамат во странска земја, да се предадат кога ќе се појави првата можност. Украина ви гарантира живот и достоинствен третман. Според Женевската конвенција, нема да бидете екстрадирани во Русија, освен ако не го сакате тоа”, напиша Подолјак.

Русија вчера објави делумна мобилизација, по што дел од Русите кои спаѓаат во категоријата која ќе биде повикана за боиштето во Украина почнаа да ја напуштаат земјата.

Би можело да ве интересира

Путин потпиша нов закон, драстични казни за тие што одбиваат да се борат

Катерина Павлова-Николовска

ВИДЕО: Грузија – една од последните опции за спас на Русите од мобилизација

Ер Србија демантира декa цената на билетите за летовите Москва-Белград е илјадници евра

Катерина Павлова-Николовска

(ВИДЕО) Километарски колони на грузиската граница: Русите со автомобили бегаат во соседната држава

Катерина Павлова-Николовска

Што значи делумната мобилизација на Путин: План за војна со променет закон

А1он