Украина и Молдавија засега нема да добиваат ИПА фондови

Од:

И покрај препораката за кандидатски статус во ЕУ Украина и Молдавија нема да влезат во претпристапните фондови, јави дописничката на МИА од Брисел.

Ова денес го потврдија високи извори во Европската Комисија, по најавата дека се препорачува Украина и Молдавија да станат официјално земји кандидати за членство во ЕУ.

– Нема автоматизам тука, претпристапниот инструмент ИПА има регулатива, било која промена мора да биде препорачана од Европската Комисија, а потоа да се преговара со Советот и Парламентот на ЕУ, објаснија експертите во Европската Комисија.

За сега Украина и Молдавија ќе продолжат да добиваат средства од инструментот за земјите од соседството на ЕУ, а со тек на време се планира воведување на специфичен инструмент за реконструкција на Украина, кој нема да биде врзан ниту за претпристапните фондови за проширување, ИПА, ниту за инструментот за соседството на ЕУ.

– Ова не е нешто за што треба сега да бидеме загрижени, сметаат во Комисијата.

Претпристапните фондови ИПА 3 изнесуваат 14 милијарди евра за сите земји вклучени во политиката на проширување, Западниот Балкан и Турција.

Би можело да ве интересира

Нова корупциска афера во Украина, осомничен е министер за земјоделство

Русите прават голем напредок во источна Украина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Украина: Во рускиот напад на областа Дњепропетровск загинаа 8 лица, 29 се повредени

Горан Наумовски