Украина го повикува светот: Престанете да се плашите од Русите, тие се безнадежни случаи

Од:

Украинското Министерство за одбрана објави на Твитер дека руската армија „не е втората армија на светот, туку насилници, освојувачи и силувачи. Безнадежни случаи“, додавајќи дека „светот мора да престане да се плаши од Русија“.

Нуклеарните закани на Русија во последните недели предизвикаа загриженост ширум светот, откако Владимир Путин рече дека ќе ги „заштити“ новоприпоените украински региони со „сите расположливи средства“.

„По Мариупол, Буча и ракетните напади, нема да бидеме заплашени од нуклеарно оружје. Им порачуваме на сите наши партнери да престанат да се плашат од Русија. Тоа не е втора армија на светот, тоа се напаѓачи и силувачи“, стои во соопштението на украинското Министерство за одбрана.

Би можело да ве интересира

Нова корупциска афера во Украина, осомничен е министер за земјоделство

Русите прават голем напредок во источна Украина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков