Украина ги затвора границите за странци

Од:

Украина, на две недели, ќе ги затвори сите свои граници за странските државјани поради пандемијата на коронавирусот, изјави денеска секретарот на Националниот совет за безбедност и одбрана Александар Данилов.

Тој потенцираше дека на украинските граѓани кои живеат во странство ќе им биде дозволено да се вратат дома.

Украина во четвртокот воведе карантин што ќе трае до април, затворени се сите образовни институции, кина, театри и забавни центри и забранети се сите масовни собири.

Според украинското Министерство за здравство, во Украина досега три лица се заразиле со коронавирусот, од кои едниот починал.

Би можело да ве интересира

Украина: Во рускиот напад на областа Дњепропетровск загинаа 8 лица, 29 се повредени

Горан Наумовски

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Би-Би-Си: Убиени се најмалку 50.000 Руси

Медиуми: Експлозија на воениот аеродром на Крим, затворен дел од автопатот