Украина ги повлекува своите војници од КФОР

Од:

Украина ги повлекува војниците кои учествуваат во мировната мисија на КФОР, соопшти денеска Здружената команда на вооружените сили на Украина.

Се додава дека „враќањето на националниот контингент значи привремено суспендирање на нивното учество во мисијата на КФОР“ и дека во моментов се преземаат мерки за нивно враќање во земјата.

Во составот на КФОР има 40 украински војници.

Во март, украинскиот претседател Володимир Зеленски издаде декрет за повлекување на украинските мировни сили од сите мировни мисии во светот за одбрана на земјата по рускиот напад.

Извор МИА

Би можело да ве интересира

НАТО: Одобривме дополнителни сили за решавање на ситуацијата на Косово

Орце Костов

КФОР за апсење на тројца Срби: Косовската полиција не извести за тоа дури еден ден подоцна

УЕФА ја казни Украина за расистичко навивање пред натпреварот со македонската репрезентација

Путин: Етничкиот Евреин ја прикрива глорификацијата на нацизмот во Украина

ВИДЕО: Зеленски дојде кај Бахмут

Зеленски го разреши министерот за одбрана, Резников

Предраг Петровиќ